.

GAME OVER

или фала им на сите они шо идеја играја , пиеја , спиеја , играја и пиеја a богами и клецкаја во дури траеа изминати 6 години

Playstation Club Bitola

2002 - 2008

С О О П Ш Т Е Н И Е

Им се соопштува на сите оние шо немат друга работа и го читат ова дека од 01.01.2008год нашио и вашио плејстешн клуб појќе не работи , воедно и зборови шо само во најголемите кошмари насон можевте да ги слушните и пак да не повервате а од сабаље да се разбудите и ко ништо да не се десило. Али нема везе и големо фала до сите оние шо идеја играја , пиеја , спиеја , играја и пиеја a богами и клецкаја во дури траеа изминати 6 години. Ако ве праша некој зошто затвори , одговоро е едноставен - не му чинеа џојстиците или ако ви е срам да го признајте то , речете му дека му падна 7ка на лото . Со тага во срцето и потни дланките мораме да искажиме големо фала до нашата и ваша милиција која не заобиколи и НЕиграше муфте кај нас , до нашите другари шо научија шо е џојстик овде а после отворија играчници низ битолата и до сите оние шо не се вклопват во муабето. . Ако се навратиме на овие 5 изминати години на работење и локање овде на плејстејшн , освен стомаци од пивото не претворивме во капитал ништо друго . Значи некако работите се случија набрзина и незнајме дали ова она. Се свајкаме. .. И за крај она старото со кое и почнавме во пролетта 2002 ко сеуште бевме заљубени а на радио хит беше If i only knew од Том Џонс , - одлучи, бирај, сакаш живот, сакаш женска со “комплекси“ на Лара, сакаш кола, сакаш ноќен живот, сакаш турнири, сакаш политика, сакаш дел од Република Македонија,сакаш палчинки, сакаш интернет, сакаш лаптоп, сакаш сто милиони, сакаш вила на Водно, сакаш стан во Охрид, сакаш куќа на Баиро, сакаш глисер, го сакаш Пелистер,сакаш сарма во сабота или грав во петок, сакаш две црнкињи, сакаш топло чоколадо,сакаш Битолско, сакаш куче, сакаш да те сакаат, сакаш сега сакаш се или сакаш некој да го искиниш на ISS Pro 2 и да предизвикаш излив на реакции. May the force be with you - AMIN